БЕЛГРАД-2024

ТЕРМИН: 30.12-02.01.2023

Цена на аранжманот: 135 еур / 8.370 ден. за уплати до 01.12.2022

Редовна цена на аранжманот: 145 еур / 8990 ден.

БЕЛГРАД – Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Неверојатната гостопримливост и незаборавната забава се обележјето на овој град!

План на патувањето:

1.Ден 30.12.2023 (Сабота)
Состанок со групата  во 23:00 часот во Кочани,. Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.


2.Ден 31.12.2023 (Недела)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме  во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2023 (Понеделник)
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центартот на градот. Враќање во Белград во вечерните часови. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.


4.Ден 02.01.2024 (Вторник )
Појадок.
 Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар GALERIJA. Слободно време за шопинг, ручек, прошетка. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Србија
  • Разглед на Белград со локален водич
  • Посета на храм Св. Сава
  • Посета на Калемегдан
  • Посета на Кнез Михајлова улица
  • Посета на трговскиот центар ГАЛЕРИЈА
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 250 мкд
  • Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад со водич – 25 еур

Напомени:

– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето.

– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање.

-Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!

– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи, за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на  агенцијата.

– Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Авто Атом и СКТМ.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *