БЕЛГРАД 8МИ ДЕКЕМВРИ

БЕЛГРАД со Нови Сад – 8ми Декември

Термин: 08.12-09.12.2023

1 ноќевање со појадок + превоз

ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА!!!

Цена: 79€ / 4.900 ден.

08.12.2023.  (петок) Македонија – Белград

Состанок на групата по договорено време Тргнување за Белград во 00.30 часот од Кочани. Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Ушче. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме  во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

09.12.2023  (сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД 

Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центартот на градот.  Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар „Ушче“

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 150 мкд
  • Посета на Нови Сад – 25 еур по лице

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ: 

  • Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Организаторот  на патувањето го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат!
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на самата агенција.
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *