Будва Нова 2024 со посета на Дубровник+Тиват +Котор

НОВОГОДИШНИ КОНЦЕРТИ НА ТОНИ ЦЕТИНСКИ, ВАН ГОГ, ЏОРЏЕ ДАВИД, ИВАНА ПЕТЕРС..

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 89 ЕВРА ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ+ ПРЕВОЗ

115 ЕВРА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ+ ПРЕВОЗ

ПЛАН НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ДЕН: 29.12.2023

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 19.30 часот; Струмица 19.30 часот; Радовиш 20.15 часот; Штип 21.00 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 21.30ч. 

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура.

2 ДЕН: 30.12.2023

Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување.

Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера.

Вечерта  организирана предновогодишна забава  пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

3 ДЕН: 31.12.2023

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват.

Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. 

Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти.

Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечертадочек наБУДВА Нова година 2024пред платото на Стариотград во Будва соновогодишен концерт на ТОНИ ЦЕТИНСКИ, ВАН ГОГ, ЏОРЏЕ ДАВИД, ИВАНА ПЕТЕРС.. или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

4 ДЕН:  01.01.2024

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровникпреку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…

Попладне враќање во Будва. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Струмица, Радовиш, Штип и Куманово)
  • Сместување во хотел со 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не е вклулено:

  • Факултативен излет до Дубровник (15 евра);
  • Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро (10 евра)
  • Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (20 евра)
  • Влезници за посети
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот Нова година 2024 Будва потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта;
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Авто Атом.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *