БУДВА – 2 ноќевања со посета на ТИВАТ-КОТОР-ПЕРАСТ-МАНАСТИР ОСТРОГ

Термин 21.10. – 23.10.2023

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 евра./6140 денари.


Будва е приморски  град  во Црна Гора. Брегот околу Будва, наречен
Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по
неговите монденски плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Ридестите предели, монументалната
архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни
плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

ПЛАН НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ДЕН 20.10.2023 (Петок)
Состанок на групата во 20:00 часот на автобуската станица во Кочани.
Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи
за одмор и царински формалности.


2 ДЕН 21.10.2023 (Сабота)
Пристигнување во утринските часови во Будва. Сместување во луксузни
вили. Разглед на градот и посета на Стариот град. Факултативно крстарење
со брод и панорамски разглед на островот Свети Стефан, кралевата плажа,
вилата на Тито и Будванска ривиера. Слободно време за индивидуални
активности. Ноќевање.


3 ДЕН 22.10.2023 (Недела)
Во 9 часот собирање на групата на предвидено место.
Факултатива – целодневна екскурзија со локален водич.

Како прва дестинација го посетуваме Пераст. Тој е една од најлуксузните
дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви, а
секако главна атракција е островот Госпа од Шкрпеља. Со бродче
заминуваме кон ова мало островче. Легендата вели дека морнари во 14 век пронашле на карпа во морето икона на Богородица со дете во раце и по
секоја успешна пловидба фрлале камења во морето и така се создал овој
остров. На островот се наоѓа црква која содржи огромен број на уметнички
дела како и иконата на Госпа од Шкрпеља. Но, она што најмногу го
привлекува вниманието на посетителите е непбичната таписерија која ја
изработувала Јаница Куниќ цели 25 години колку што го чекала својот сопруг
да се врати од пловидба. Во таписеријата се наоѓаат вткаени прамени од
нејзината коса. Со брод се враќаме во Пераст.

Потоа го посетуваме Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од
најубавите градови во кој секојдневно пристигнуваат луксузни крузери кои
крстарат по Медитеранот. Во Котор има стар град со широки улици и
атмосфера на средновековен град во кој може да се видат Столбот на
срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола и други
знаменитости.

Продолжуваме кон Портомонтенегро уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно, Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. Враќање во Будва. По екскурзијата слободно време. Ноќевање.


4 ДЕН 23.10.2023 (Понеделник)
Појадок. По одјавувањето од хотелот, се упатуваме кон Манастирот
Острог, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е
врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век.
По посетата на Манастирот, се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во
Кочани во вечерните часови.


Тргнување од Виница, Кочани, Штип, Свети Николе и Скопје.

Во цената е вклучено:
2 ноќевања во луксузна вила во Будва.
Превоз со туристички автобус од висока класа на дадената релација.
Посета на манастир Острог.
Лиценциран придружник во текот на целото патување.


Во цената не е вклучено:
Туристичка такса 1.5 евра по лице по ноќевање се плаќа во автобус.
Доплата за еднокреветна соба 30% од аражманот.
Факултататива – целодневна екскурзија со локален водич – Пераст (вклучено
патување со брод до островот Госпа од шкрпеља и влез во црквата), Котор,
Портомонтенегро цена 20 евра. (се плаќа во автобус).
Факултатива – крстарење Будва – Свети Стефан – Будва цена 5 евра
(се плаќа во автобус).


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *