ВЕНЕЦИЈА-ТРСТ-ВЕРОНА-МИЛАНО

БОЖИЌНИ МАРКЕТИ

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона.

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА / 8618ден. СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 65 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА / 9858 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
– Автобуски превоз на наведената релација
– Посета на Трст и шопинг центарот Палманова
– Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес 
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Превоз со брод од Пунта Сабиони до Венецијa и разглед со водич (30 €)
– Факултативна посета на Верона и Милано со водич (40 €)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање
– Патничко осигурување (5 €)

НАПОМЕНА:

–  За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–  Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

– Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

–  За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

Програма

1 ден четврток (07.12.2023)

Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности

2 ден петок (08.12.2023)

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу 2 часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia – Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi’s, Marc O’Polo, Nike Factory Store, Puma, Tommy Hilfiger, United Colors of Benetton и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг околу 2 часа. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден сабота (09.12.2023)

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден недела (10.12.2023) о

По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер дпристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 11.12.2023 (понеделник).


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *