ВОДЕН И ЛУТРАКИ 10.03.2024

Цена: 1200 денари

Термин: 10.03.2024

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи.Тука во Лутраки топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови.Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања.

Воден или на грчки Едеса е град во Егејска Македонија, северозападно од Солун. Тој во минатото, односно до 1923 година бил познат како Водена или Воден. Преку железничката пруга, Воден е поврзан со Лерин и Битола кон запад, а на југоисток со Солун. Главен белег на Воден е водопадот Керано или некои како што знаат да кажат Керанос. Тоа е водопад каде што водата паѓа од околу 70 метри висина. Подрачјето околу водопадот во минатото не било добро организирано и средено, но благодарение на Воденската општина денес околу овој водопад има уреден парк кој нуди бројни погодности за сите гости.

План на патувањето:

Тргнување во 04.30  наутро од  Автобуската станица во Кочани.  Организиран превоз од Виница, Кочани, Штип, Радовиш и Струмица.  Патувањето води кон граничен премин Богородица. Паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во утринските часови во Лутраки. Слободно време и можност за користење на бањите 3 часа. Посета на Воден. Групна посета на водопадите и слободно време за индивидуални активности, прошетка и ручек во  Воден 3 часа. Поаѓање кон Македонија во 17:00 часот.

Во цената е вклучено:

  • Посета на Лутраки
  • Посета на водопадите и градот Воден.
  • Превоз на наведената релација
  •  Лиценциран придружник за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Влез од 3 евра за користење на бањите кој се плаќа на лице место


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *