ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НОВАТА ГОДИНА ВО ЕДИНСТВЕНИОТ И НЕПОВТОРЛИВИОТ ИСТАНБУЛ!

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Редовна цена: 179 евра

3 Ноќевања

План на патувањето:

1 ден 28.12.2023 (четврток)

Состанок на групата на дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 29.12.2023 (петок)

Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др.

Можност за влез во Топ Капи со локален водич.

Слободно време за индивидуални активности.
Влез во хотел. Слободно време.
Во приквечерните часови предвидена е факултативна посета на облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 56тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот.
Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање

3 ден 30.12.2023 (сабота)

Појадок.Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање

4 ден 31.12.2023 (недела)

Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
По крстарењето следи посета на најпознатиот дворец во Турција – палатата Долмабахче. Разгледот во оваа палата трае отприлика 1 час. Откако ќе завршиме со разгледот, во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време и во договореното време одиме на ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД (детали наскоро).
Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.

5 ден 01.01.2024 (понеделник)

Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 02.01.2024

Во цената е вклучено:

– 3ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај

– Автобуски превоз

– Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул – населбата Аксарај

– Посета на трговскиот центар Форум

– туристички пратител за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

– Патничко осигурување

– трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице

– Индивидуални трошоци

– Факултативни излети:

  • Топ Капи палатата – 30 евра
  • Сафир со вклучена 4Д проекција – 30 евра
  • Населбата Ортакој и Таксим – 20 евра
  • Крстарење на Босфор – 20 евра
  • Долмабахче палатата – 35 евра
  • Населбата Балат – 10 евра
  • Дочек на Нова Година – детали наскоро

 НАПОМЕНА:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманотпотребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
  •  Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А Авто Атом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *