КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – 8ми ДЕКЕМВРИ

Куршумлијска Бања е градска населна и бањско лекувалиште во општина Куршумлија.

Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија.

Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“.

Промо цена 169  евра/ 10.480 мкд за резервации до  31.10.2023
Цена на аранжманот 189 евра / 11.720мкд

Програма за патување (08.12-10.12.2023)

1. Ден  08.12.2023 (Петок)-СКОПЈЕ – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.

Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*.

Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.

Вечера. Ноќевање.

2.Ден 09.12.2023 (Сабота) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 10.12.2023 (Недела)КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности или користење на Спа центарот до 12.30час.

Поаѓање за Македонија во 13.00час. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
  • Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
  • Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
  • Туристичка такса

Ценатана аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и доплати:

  • Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
  • Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 90€/5.580ден
  • Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
  • Доплата за сместување во апартман-по лицеѝ 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз 10€/ 620ден од патник.

Напомена:

*За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

*Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

*За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *