Манастир Тумане

ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – НИШ

ТТермин:18.11 – 19.11.2023
Цена – 3890 денари

Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Св Николе и Куманово.

План на патување:

1 ден (петок) КОЧАНИ ТУМАНЕ

Состанок на групата во 22:40 часот на автобуска станица во Кочани. Поаѓање во 23:00 часот кон Србија (ноќно возење) со попатни паузи за царински формалности и одмор. 

2 ден (сабота) ТУМАНЕ ГОЛУБАЦ – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО

Пристигнување во Манастирот Тумане во раните утрински часови. Манастирот е познат по чудотворните мошти на Свети Зосим, гробот на свети Јаков Тумански, чудотворната икона на Света Богородица, испосницата на Свети Зосим и водопадот во негова близина.
            Од манастирот Тумане, заминуваме пешки кон испосницата во која живеел Свети Зосим. Покрај испосницата извира лековита вода од која патниците може да си понесат за здравје. Се враќеме пешки кај манастирот Тумане.
           Се упатуваме кон средновековна тврдина Голубац споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 10 кули и две големи колски капии.

По посетата на тврдината се упатуваме кон Сребрено езеро. Се сместуваме во Хотел Сребрено Езеро лоциран на самото езеро. Време за индивидуални прошетки и релаксирање покрај езерото. Ноќевање во хотелот.

3 ден (недела) СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – НИШ – КОЧАНИ

            Доручек. Напуштање на хотелот. Време за индивидуални активности.

Се упатуваме кон Ниш. Посета на тврдината во Ниш и плоштадот крал Милан. Слободно време за индивидуална прошетка и посета на некои од локалните кафетерии и ресторанти. По посетата на Ниш се упатуваме кон Кочани со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО ЛИЧНА КАРТА

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус од висока класа на релација:

Кочани – Тумане – Голубачка Тврдина – Сребрено езеро – Ниш – Кочани

  • Едно ноќевање со појадок во Хотел Сребрено езеро
  • Лиценциран придружник на целото патување

Цената не вклучува:

  • Влезници во Голубачка Тврдина
  • Индивидуални трошоци и трошоци кои не се наведени во програмата
  • Туристичка такса 50 денари

За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Авто Атом.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *