Нова Година 2024 во Атина

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Промо цена 149 евра / 9.240 денари BLACK FRIDAY до 24.11

Цена на аранжманот 179 евра / 11.100 денари

Патничка програма: 29.12-02.01.2024

29.12.2023 (Петок) Скопје – Атина

Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

30.12.2023 (Сабота) – Атина

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне.

Ноќевање.

31.12.2023 (Недела) – Атина – Пелопонез

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. По слободното време продолжуваме кој златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Можност за панорамско сликање. Враќање во хотел. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадитево Атина.

Ноќевање.

01.01.2024 (Понеделник) – Атина – Пиреја- Сунион

После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01 Вторник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* во Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (45 €)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (12 евра)
  • Посета на Пирејa и Сунион (15€)
  • Влезница за во Акропол со водич (20 еур)
  • Туристичка такса 200 мкд за двете вечери
  • Индивидуални трошоци
  • Пакет факултативи 70 евра

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањет
  • Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
  • Организаторо го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *