Солун Нова Година 2024-Паралиа-Литохоро-Катерини

НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ ВО СОЛУН И КОСМОС

ГРАТИС ИЗЛЕТ ДО ВОДЕН ВОДОПАДИТЕ

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ +ПРЕВОЗ

План на патувањето:
1 ДЕН: 30.12.2023

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус.

Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула…

Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski, посета на еден од големите шопинг центри Cosmos Mediteranean ( можност да се искористат новогодишните попусти).

Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

2 ДЕН: 31.12.2023

ПојадокПосле појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини.

Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини – живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера.

Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија.

Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Новата 2024 година. Ноќевање.

3 ДЕН: 01.01.2024

Појадок. По појадокот заминување за Водени посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот.

Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал.

Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода.

Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Паралиа на база две ноќевања со појадок;
  • Организиран шопинг во Солун и Космос;
  • Разгледување на Солун;
  • ГРАТИС посета на водопадите во Воден;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Факултативен излет до Литохоро и Катерини -5 евра; (минимум 30 лица пријавени за реализација)
  • Новогодишна вечера во таверна;
  • Влезници за посетите;
  • Патничко осигурување (задолжително);

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта;
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Авто Атом.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *