ТЕМИШВАР 8-ми Декември

Кога доаѓа време за патување, сигурни  сме дека поголем дел од Вас имаат посетено доста градови на Балканот, Европа па и Светот и секогаш кога доаѓа време за патување или продолжен викенд, прашањето е каде патуваме сега?

Едниот град е трет по големина во Романија иво оваа година(2023-та) е прогласен за град на културатаво Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Веспрем во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara).
Bториот град е градот каде е одржан првиот Christmas Market во 2007-та година во Романија и воедно е најдобриот Christmas Makretво оваа земја, инспириран од божиќните пазари во Виена. Во овој град ќе бидете за време на Christmas Market каде целиот град изгледа како да е поминат со магично стапче и посакува добредојде на сите оние кои сакаат да се препуштат на божиќната магија. За време на ова тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија. Екскурзијата ја завршуваме со посета на Белград и слободно време за шопинг или прошетка низ Кнез Михаилова или Калемегдан.
Тимот на Стаф за прв пат ја органзира оваа тура, бидете дел од нешто што е поразлично од останатите понуди, нешто што е ново на нашиот пазар.

Редовна цена на аранжман: 139 / 8.620мкд по лице
Цена на  аранжман за првите 15 уплати: 119€/ 7.380мкд по лице

(Со организиран трансфер од Кочани, Штип, Велес и Куманово)

07.12.2023 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани, Штип,  Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

08.12.2023 (ПЕТОК) ТЕМИШВАР
Присигнување во Темишвар во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич.
Се посетуваат: ПлоштадПобеда, сокарактеристиченмолдавскистил, ОпераРомана, Плоштадна Ослободувањр, Плоштаднаобединување, Српскаправославнацрква, барокнапалата – поранешноседиштенасрпскаВојводина, Римокатоличкакатедрала,… Слободновремезаиндивидуалниактивности. Сместување во хотел. Време за одомор.
Посета на божиќниот маркет во Темишвар. Враќање во хотел. Ноќевање

09.12.2023 (САБОТА) ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокотКорвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран). Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките. Посетата на замокот е со локален водич. Заминување кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде Ве очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз.
Слободно време за уживање вo Божиќниот пазар. Враќање во хотел. Ноќевање

10.12.2023 (НЕДЕЛА) ТЕМИШВАР-БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’ на улицата Кнез Михаилова илииндивидуална прошетка низ Калемегдан.Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови предполноќ во Скопје.

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Aвтобуски превоз
-2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
-Разглед на Темишвар со локален водич
-Посета на Белград
-Туристички придружник од агенција


Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Вечерна посета на Christmas Market во Темишвар- 5€
-Пакет факултативи: Посета на замокот Корвин (влезница и водич) и посетa на божиќниот пазар во Сибиур)- 50€/ 45 евра за студенти со приложување на индекс
-Туристичка такса2€ по лице- задолжителна доплата во автобус

Напомени и доплати:

  • Aгенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Доплата за еднокреветна соба40 евра  (2.480мкд )
  • За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца од  3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *