MИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ЏЕНОВА-СИРМИОНЕ

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 евра со задолжителна резервација на пакет на факултативи од 100 евра по лице

РЕДОВНА ЦЕНА: 249 евра

Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетени земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона.

План на патувањето:

Прв ден – 28.12.2023 (четврток) СКОПЈЕ -МИЛАНО

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

Втор ден 29.12.2023 (петок) МИЛАНО

Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време или организирано излегување во договор со групата. Ноќевање.

Трет ден – 30.12.2023 (сабота) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-МИЛАНО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Ноќевање.

Четврт ден – 31.12.2023 (недела) МИЛАНО-ЏЕНОВА-МИЛАНО

Појадок. Предлагаме излет до Џенова. Вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО) – Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. По разгледот на градот, слободно индивидуално време. Во договорено време враќање назад кон Милано.Дочек на Новата Година на плоштад во Милано.Ноќевање.

Петти ден – 01.01.2024 (понеделник) МИЛАНО-СИРМИОНЕ-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 02.01.2023 – вторник

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз на наведената релација
– 3 ноќевања со појадок во хотел 3*во Милано
– Посета на Сирмионе
– Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
– Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Разглед на Милано со водич (15€)
– Факултативна посета Џенова (35€)
– Посета на Лугано и Комо (40€)
– Крстарење по езерото Комо (15€)
– Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице по ноќевање
– Патничко осигурување

НАПОМЕНА:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  •  Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. Авто Атом.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *