Актуелни Дестинации

Грција

Бугарија

Црна Гора

Започнување со имплементација на Европскиот систем за влез/излез (EES)

Одложен новиот граничен систем на ЕУ

Летната сезона во Европа и онака е синоним за гужви, редици и нервоза, но ова лето можеше да донесе уште еден сериозен проблем на европските граници. Токму затоа Европската комисија реши да ја повлече рачната сопирачка и да го одложи целосното воведување на новиот Систем за влез/излез (EES), дигиталниот механизам што треба да го замени традиционалното печатирање пасоши и да воведе биометриска контрола за патниците од земји надвор од ЕУ. Наместо во април, системот целосно ќе заживее дури во септември 2026 година, со цел да се избегне хаосот што веќе почна да се наѕира на аеродромите и пристаништата. 

EES формално стартуваше во октомври 2025 година, но неговото постепено воведување веднаш наиде на сериозни предизвици. На аеродромите и граничните премини каде што системот веќе функционира, патниците од Велика Британија, САД и други земји надвор од ЕУ мора за првпат да регистрираат отпечатоци од прсти и фотографии од лицето на специјални киосци. Процедурата, која на хартија изгледа едноставно, во пракса создаде долги редици, конфузија и значителни доцнења, особено во шпицовите на сообраќајот. 

Првично, само мал дел од патниците беа опфатени со новите проверки, но со зголемувањето на процентот на регистрации, проблемите станаа поочигледни. Извештаи од аеродроми ширум Европа покажуваат дека времето за гранична обработка на некои локации пораснало и до 70 проценти, а во најоптоварените периоди патниците чекале и по неколку часа. Во екстремни случаи, доцнењата резултирале со пропуштени летови и сериозни нарушувања во авионскиот и фериботскиот сообраќај. 

Најилустративен пример за проблемите е аеродромот во Лисабон, каде што властите беа принудени привремено да го суспендираат EES откако времето на чекање, според извештаи, достигнало и до седум часа. Овој потег стана сигнал дека системот, иако амбициозен и важен од безбедносен аспект, сè уште не е подготвен за целосно и непречено функционирање на терен. 

Под притисок на аеродромските оператори, туристичката индустрија и патничките здруженија, Европската комисија одлучи да им даде поголема флексибилност на земјите-членки. Тие ќе имаат можност, дури и по формалното завршување на имплементацијата во април 2026 година, делумно да го суспендираат функционирањето на EES во текот на летните месеци. Практично, тоа значи дека на одредени гранични премини повторно ќе може да се користат традиционалните печати во пасошите, доколку новиот систем создава метеж што не може да се контролира. 

Од Брисел порачуваат дека воведувањето на ваков комплексен дигитален систем е исклучително сложен процес и дека безбедноста мора да оди рака под рака со практичноста. Целта на EES е да се следи движењето на посетителите во Шенген-зоната и да се спречи прекршувањето на правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена, но сè почесто се поставува прашањето дали инфраструктурата и човечките ресурси се подготвени за таа задача. 

Туристичките и аеродромските организации предупредуваат дека без дополнителен персонал, подобро обучени гранични службеници и целосно функционални киосци, ризикот од сериозни застои останува реален. За патниците, барем засега, добрата вест е дека транзицијата ќе биде поблага од очекуваното. Лошата е што летните патувања и натаму ќе бараат трпение, особено на најпрометните европски гранични точки. 

Извор: Пари.мк 

Кликни овде за повеќе детали

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија,  информира дека согласно Регулативата број 017/2226, Европската Унија, од 12 октомври 2025 година започнува со имплементација на Европскиот систем за влез/излез (EES) .

Овој систем ќе се воведува постепено во 29 европски држави во период од шест месеци на сите надворешни граници на Шенген-зоната, со целосната функционалност до април 2026 година, Системот ќе се имплементира на граничните премини во следниве земји: Бугарија, Хрватска, Унгарија, Романија, Словенија, Грција, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија.

Што претставува EES

Европскиот систем за влез/излез е нова автоматизирана ИТ платформа која ќе регистрира:

На кого се однесува

Системот ЕЕС се однесува на државјаните на земјите кои не се дел од шенген зоната, кои патуваат во Шенген-зоната без визи, туристички  (краткорочен престој 90 дена во период од 180 дена)

Што значи ова за патниците

За повеќе информации и поддршка, може да се провери на вебстраната: Entry/Exit System – European Commission Официјалната страница е достапна преку порталот на европската комисија и објаснува што е EES, неговата цел, опсег, безбедносни и технолошки аспекти: Migration and Home Affairs.

Започнување со имплементацијата на ETIAS – Европски систем за патни одобренија.

Се информираат државјаните на Република Северна Македонија, дека Европската Унија го воведува системот ETIAS – Европски систем за информации и одобрение за патување (European Travel Information and Authorisation System), за кој е најавено дека ќе започне со имплементација во првата половина на 2026 година.

ETIAS ќе биде задолжителен за сите државјани на државите кои не се членки на шенген зоната кои патуваат без виза во земјите членки на Шенген-зоната.

Нагласуваме дека ETIAS не претставува воведување на визен режим, туку пред-патничко безбедносно одобрение кое ќе биде издадено пред да се влезе во земјите членки на Шенген зоната од земјите од Европска унија за краткорочен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Процедура за аплицирање:

Државјаните на Северна Македонија предвидено да аплицирааат онлајн преку официјалната веб-страница на ETIAS или на мобилна апликација.

Барателот е потребно да пополни формулар кој ќе ги содржи  следните податоци:

Уплата на такса;

Автоматска проверка на податоците преку бази како:

Валидност на ETIAS:

ETIAS важи три (3) години, или до истекот на пасошот, што и да настапи прво;

Може да се користи за повеќе краткорочни патувања до 90 дена во период од 180 дена.

Проверка при патување:

При чекирање или гранична контрола, граничните служби ќе проверуваат дали патниците имаат валиден ETIAS.

Во отсуство на ETIAS – на патникот нема да му биде дозволен влез во Шенген-зоната.

За дополнителни информации, може да се информирате со посета на : Официјалната веб-страница на ETIAS (https://travel-europe.europa.eu/en/etias)

Авто Атом ДОО Кочани приватна компанија основана во 2002 година, сместена во центарот на град Кочани. Основната дејност на компанијата е превоз на патници во земјава и страство со што располага со сопствена автобуска станица, поседува модерни високотуристички и патнички автобуси.

Авто Атом, Dimitar Vlahov, Kočani