Манастир Острог

(со посета на Будва, Свети Стефан и Кралева Плажа)

Православниот манастир Острог е еден од најпознатите манастири на Балканот. Во манастирот и во неговата близина се имаат случено многу чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.

ТЕРМИНИ:

26.08-28.08.2023

Цена на аранжманот: 1.800мкд

Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Св Николе и Скопје.

ПРОГРАМА:

1 ДЕН (САБОТА) Состанок со групата во 19:00 часот од автобуска станица во Кочани. Заминување кон Црна Гора во 19:20 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН (НЕДЕЛА) Пристигнување во градот Будва на Словенска плажа. Слободно време од околу 4 часа за плажа, појадок, прошетка, (крстарење – индивидуално), посета на стариот град на Будва и тврдината (индивидуално) или слободни активности по сопствен избор. Во попладневните часови се упатуваме кон манастирот Свети Василие Острошки и  факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.

3 ДЕН (ПОНЕДЕЛНИК) Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Спуштање до Долниот конак. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група е во 09:00. Посета на Островот Св.Стефан, кралевата плажа и вилата на Тито, која сега е хотел од висока категорија. Попатна пауза на Скадарско Езеро. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.

Аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус-Посета на Будва
  • Посета на Св.Стефан и кралева плажа (вилата на Тито)
  • Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор
  • Придружник за време на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
  • Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец.
  • Патничко осигурување-Туристичка такса во Црна Гора 1 евро.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *