БУДВА – 2 ноќевања со посета на МАНАСТИР ОСТРОГ- ДУБРОВНИК – КОТОР- ТИВАТ

Термин 08.03.2024 – 10.03.2024

Промотивна цена до 16.02.2024 : 79 евра / 4900 ден.

Цена на аражманот 89 евра / 5500 денари.

Будва е најпознатиот приморски град во Црна Гора. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора. Добро е познат по неговите монденски плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштади се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

ПЛАН НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ДЕН. 07.03.2023 (Четврток)

Состанок на групата во 20:00 часот на автобуската станица во Кочани. Ноќно возење преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН 08.03.2023 (Петок)  

Пристигнување во утринските часови во манастир Острог. До манастирот се искачуваме пеш или со комбиња (се плаќа 1 евро). По посетата на манастирот се упатуваме кон Будва. Сместување во луксузни вили. Разглед на градот и посета на Стариот град во Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ДЕН 09.03.2023 (Сабота)  

Факултатива – екскурзија во Дубровник. (задолжителен е пасош)

Се упатуваме кон Дубровник преку Тиват. Со траект го поминуваме теснецот на Бока-Которскиот залив. Посета на Дубровник. Го разгледуваме стариот град на Дубровник кој е опколен со масивни ѕидови со дебелина од 6 метри и висина од 24 метри, а над него се наоѓа тврдината Ловренац. Овој дел од градот е подигнат во 13 век и во него доминира готскиот стил на градба. Овде ќе ја видете кулата Минчета на која бил поставен топ од 70 тони за одбрана на градот, Онофриевата фонтана, Кнежевата палата, палатата Спонза, Катедралата Успение на Пресвета Богородица, црквата Свети Влахо, првата аптека изградена во 14 век и други објекти кои нема да ве остават рамнодушни. По посетата се враќаме во Будва. По екскурзијата слободно време. Ноќевање.

4 ДЕН 10.03.2023 (Недела)  

Факултатива – екскурзија во Котор и Тиват.

Најпрво го посетуваме Котор, град под заштита на УНЕСКО и еден од најубавите градови во кој секојдневно пристигнуваат луксузни крузери кои крстарат по Медитеранот. Во Котор има стар град со широки улици и атмосфера на средновековен град во кој може да се видат Столбот на срамот, Саат кулата, Катедралата Св.Трифун, Црквата Св.Никола и други знаменитости.Над стариот град високо на врвот на стрмната планина се наоѓа тврдината Свети Иван.

Продолжуваме кон Портомонтенегро уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно, Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. По посетата се упатуваме кон Македонија.

Тие што не присуствуваат на факултативата ги земаме од Будва на враќање кон Македонија.

Тргнување од Виница, Кочани, Штип, Свети Николе и Скопје.

Во цената е вклучено:

2 ноќевања во луксузна вила во Будва.

Превоз со туристички автобус од висока класа на дадената релација.

Посета на манастир Острог.

Лиценциран придружник во текот на целото патување.

Во цената не е вклучено:

Излетничка такса од 1 евро во Острог

Од паркингот кај манастирот Острог превоз со комбе до горниот манастир 1 евро во еден правец

Туристичка такса 1.5 евра по лице по ноќевање (се плаќа во автобус).

Доплата за еднокреветна соба 40% од аражманот.

Факултатива екскурзија – Дубровник – цена 20 евра (се плаќа во автобус).

Факултатива – екскурзија Котор и Тиват – цена 10 евра (се плаќа во автобус).

Пакет 2 факултативи вкупно 25 евра.

За реализација на факултативите се потребни минимум 35 лица.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *