ВЕНЕЦИЈА-8ми МАРТ

Венеција едноставно плени сос своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал..Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови на Венеција.Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…

Термин: 07.03-10.03.2024
Цена : 139е/ 8620 денари

ПРГОРАМА:

1ден (четврток) 07.03.2024
Состанок на групата во попладневните часови од Кочани. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

2ден (петок) 08.03.2024  Трст –Оutlet Noventa Di Piave – Лидо Ди Јесоло. Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.Слободно време за индивидуални активности.Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Патување и сместување во хотелот.Ноќевање.

3ден (сабота) 09.03.2024 Лидо Ди Јесоло – Верона – Падова.
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Падова: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и наЈулија. Враќање од Верона и посета на Падова проследено со туристички водич: плоштадот Пратодела Вале, базиликата Св. Антониа
Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4ден (недела) 10.03.2024 Лидо Ди Јесоло – Венеција – Кочани.
Појадок. Одјавување од хотелот.Слободно време во Лидо или факултативен излет во Венеција:  Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо. Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

5ден(понеделник) 11.03.2024 – Кочани.
Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лидo ди Јесоло
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Велес и Скопје
  • Посета на Трст и шопинг центарот Палманова

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување – 250 денари
  • Влезници за факултативните излети
  • Верона и Падова 40 евра
  • Венеција 20 евра
  • Пакет факултативи 50е

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица

постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *