Венеција

Венеција едноставно плени сос своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал..Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови на Венеција.Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…

Термин: 06.03-09.03.2025

ПРОМО ЦЕНА!!! 139е/ 8620 денари за уплати до 15.02

Редовна цена: 159e/9860 денари

ПРОГРАМА:

1ден (четврток) 06.03.2025
Состанок на групата во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

2ден (петок) 07.03.2025  Трст –Оutlet Noventa Di Piave – Лидо Ди Јесоло. Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.Слободно време за индивидуални активности.Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Патување и сместување во хотелот. Ноќевање.

3ден (сабота) 08.03.2025 Лидо Ди Јесоло – Верона – Милано
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Милано: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и наЈулија. Враќање од Верона и посета на Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот. Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.

4ден (недела) 09.03.2025 Лидо Ди Јесоло – Венеција – Кочани.
Појадок. Одјавување од хотелот.Слободно време во Лидо или факултативен излет во Венеција:  Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо. Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

6ден (понеделник) 10.03.2025 – Кочани.
Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Велес и Скопје
  • Посета на Трст и шопинг центарот Палманова

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Влезници за факултативните излети
  • Верона и Милано 50 евра
  • Венеција 20 евра
  • Пакет факултативи 60е
    Доплата за туристичка такса 2.5е од ноќевање по лице.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица

постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А Авто Атом
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Авто Атом го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А.Авто Атом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *