ВИЛА ДИНА – АМУДИА

Амудиа е мало рибарско место во општина Фанари, областа Епир во Грција. Се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бел песок.

Вила Дина е сместена на само 90 метри од плажа (околу 4 минути пешачење), на почетокот на Амудиа, во мирно и пријатно опкружување.

Вилата располага со трокреветни студија и двоспален апартман, сите сместени на приземје, со директен излез на сопствена тераса.

Содржина на студио:

  • 1/3 студио со еден двоен кревет и еден единечен
  • Сопствена кујна со прибор за готвење и јадење
  • Тоалет
  • ТВ
  • Клима уред со доплата на лице место: Студио: 6€ на ден (се плаќа на лице место)

Содржина на апартман: 

  • Апартман со 2 спални соби од кои едната со еден двоен кревет и во другата соба два единечни кревети
  • Сопствена кујна со прибор за готвење и јадење
  • Тоалет
  • ТВ
  • Клима уред со доплата на лице место: Апартман: 7€ на ден (се плаќа на лице место)
  • Промо термини
    • Првите три и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.

Важно да знаете

  • Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
  • Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
  • Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
  • Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
  • За патници со автобуски превоз:
  • куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
  • доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
  • секој куфер мора да има налепница од водичот

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО  31.01.2026, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.02.2026

-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2026, И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.05.2026

ВИЛА ДИНА – АМУДИА
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
ТерминиНоќ.1/3 студио за 3 лица2/4 апартман за 4 лицаПромо цени
20.05-27.05.20267119149Промо цена
27.05-03.06.20267149189Промо цена
03.06-10.06.20267229249Промо цена
10.06-17.06.20267309359 
17.06-24.06.20267349389 
24.06-01.07.20267429459 
01.07-08.07.20267539599 
08.07-15.07.20267569729 
15.07-22.07.20267589729 
22.07-29.07.20267589729 
29.07-05.08.20267589729 
05.08-12.08.20267589729 
12.08-19.08.20267589729 
19.08-26.08.20267569709 
26.08-02.09.20267529699 
02.09-09.09.20257389459 
09.09-16.09.20267339369Промо цена
16.09-23.09.20267199239Промо цена
23.09-30.09.20267159189Промо цена

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Амудиа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Амудиа:

  • Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, Мотел Македонија) -70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Амудиа:

  • Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)-60€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
  • Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) -Трансфер до Битола -70€ по лице
  • Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *