Вила Елена 1-Kрф Лето 2026

Летувајте на остров Крф. Годинава Ипсос уште подобар преку наша организација. За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.

Што е вклучено во цената

  •  Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Елена (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

  •  Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

План и програма

ПРВ ДЕН

Поаѓање ден предходно од терминот околу 22:00ч од Хотел Русија (за точно време на поаѓање добивате смс порака на 2 дена пред поаѓањето). Ноќно патување со попатни паузи и гранични и царински формалности. Пристигнување на пристаништето Игуменица во утринските часови и возење со траект до Остров Крф. Сместување во Вила Елена во 14:00ч по локално време.

ОСМИ ДЕН

Одјавување од Вила Елена во 09:00ч по локално време. Нашиот туристички представник ве известува за точно време на поаѓање од Ипсос кон пристаништето и враќање кон Македонија.

Вила Елена 1

Вила Елена се наоѓа на островот Крф на 350м оддалеченост од плажа.Вилата располага со студиа за 2 лица и еден апартман за 4 лица.Студиата се на прв и втор спрат.Опремени се со единечни кревети, мини кујна, фрижидерче, тоалет,клима уред (се доплаќа 5е од ден) Во објектот нема лифт.

ТЕРМИНРЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
23.05.2026-30.05.2026109 е
30.05.2026-06.06.2026121е
06.06.2026-13.06.2026143е
13.06.2026-20.06.2026165е
20.06.2026-27.06.2026179е
27.06.2026-04.07.2026199е
04.07.2026-11.07.2026239е
11.07.2026-18.07.2026239е
18.07.2026-25.07.2026239е
25.07.2026-01.08.2026239е
01.08.2026-08.08.2026239е
08.08.2026-15.08.2026239е
15.08.2026-22.08.2026239е
22.08.2026-29.08.2026199е
29.08.2026-05.09.2026179е
05.09.2026-12.09.2026149е
12.09.2026-19.09.2026119е
19.09.2026-26.09.2026109е
26.09.2026-03.10.2026104е
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени


CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00

  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А Авто Атом     

Локација од сместувањето: 39°42’23.9″N 19°50’14.7″E


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *