Вила Зои 1 – Остров Скијатос 2026

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.

Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Вила Zoi 1 располага со  15 студиа, двокреветни, трокреветни  и четирикреветни на прв и втор спрат. Секое студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири,мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (не е класична кујна). Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

ТЕРМИНРЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
21.05.2026-28.05.2026110e
28.05.2026-04.06.2026120e
04.06.2026-11.06.2026145e
11.06.2026-18.06.2026165e
18.06.2026-25.06.2026185e
25.06.2026-02.07.2026199e
02.07.2026-09.07.2026219e
09.07.2026-16.07.2026239e
16.07.2026-23.07.2026239e
23.07.2026-30.07.2026239e
30.07.2026-06.08.2026239e
06.08.2026-13.08.2026239e
13.08.2026-20.08.2026239e
20.08.2026-27.08.2026229e
27.08.2026-03.09.2026199e
03.09.2026-10.09.2026179e
10.09.2026-17.09.2026149e
17.09.2026-24.09.2026129e
24.09.2026-01.10.2026109e

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 1 (цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

План и програма

Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

 

Сместување

Вила Зои 1

Вила Zoi 1 располага со 15 студиа, од кои 9 се двокреветни ,5 се трокреветни студиа и  1 четирикреветно студио.  Секоe студио има тераса, сопствен тоалет, клима, фен, пешкири, мини фрижидер и мини решо за подготовка на лесна и брза храна (што не е класична кујна).

Студио број 1 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 2 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 3 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 4 е трокреветно и се наоѓа на прв спрат.

Студио број 5 е двокреветно и се наоѓа на прв спрат.
Студио број 6 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 7 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 8 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Студио број 9 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 10 е трокреветно и се наоѓа на втор спрат.

Студио број 11 е двокреветно и се наоѓа на втор спрат.
Студио број 12 е четирикреветно и се наоѓа на трет спрат.
Студио број 13 е двокреветно и се наоѓа на трет спрат.
Студио број 14 е трокреветно и се наоѓа на приземје.
Студио број 15 е двокреветно и се наоѓа на приземје

Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти. Постелнина и пешкири се менуваат двапати неделно, додека собите се чистат секое утро.

Важно

За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.

За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.

Во случај за уплата на сингл соба по редовна цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.

За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.

Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат

За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).

Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.

Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор

Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.

За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.

Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.

Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време

Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%

Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)

Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.

Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари

Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.

Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости

Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Ескејп травел  како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.

Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.

Објектот располага со 1/2 ,1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Факултативни излети

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет:

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *