ВИЛА ЛАНА – СУТОМОРЕ

ЦРНА ГОРА

Вилата е лоцирана во мирниот дел на Сутоморе под магистралата, на 4-5 мин. пешачење од автобуската страница во Сутоморе, на 6-7 минути пешачење до најблиската плажа (градската плажа),  и 10 мин. пешачење до центарот на Сутоморе. Во близина на вилата има 2 супермаркети. Вилата е нова градба и располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со мини кујна, сопствен тоалет, TV, Wi-Fi интернет конекција, клима (вклучена во цената). Собите се на втор кат и една на приземје.  

Вилата располага со сопствен паркинг за гостите за 12 возила.

Во вилата има можност да се нарача и храна на барање по желба на гостите.

АДРЕСА: КОСОВСКА 12
КООРДИНАТИ:  42.14238557750445, 19.042259769712487

ЦЕНОВНИК – ВИЛА ЛАНА СУТОМОРЕ 2024
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ОД ДЕН
ТИП НА СОБАЈУЛИ/АВГУСТСЕПТЕМВРИ
1/248 
1/360 
1/472 

ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА ЗА НАЕМ НА СТУДИО ОД ДЕН!

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
– Автобуски превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
– Скопје (Aвтобуска станица) – 45€
– Куманово (Автобуска станица) – 45€
– За деца (02-11.99 год.) се одобрува 50% попуст

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– За резервација задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
– Цените се дадени во евра по лице, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
– Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
– Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
– За хигиената на собите се грижат самите гости
– Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или лична карта
– Moже да се патува со валидна лична карта со старото име на државата Р. Македонија
– Се патува преку граничен премин Блаце
– За оваа понуда важат општите услови за патување на Т.А Авто Атом.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *