Вила „Меропи“

Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

(напомена: првите два и последните три термина се промо цени, и на нив не следува попуст) 

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 03.03.2023

-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2023, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 03.05.2023

Опис на регион

Калитеа е најпопуларното село на Халкидики, во текот на летото. Се наоѓа на првиот полуостров на Халкидики, Касандра. Калитеа е оддалечена 85 километри од Солун и е најкосмополитското место на Халкидики. Ако го поминете центарот на селото, можете да ги посетите плажите на Калитеа и другите села во Источна Касандра како што се Пефкохори, Ханиоти, Полихроно, Криопиги и Палиури или некои делови на Западна Касандра како Фурка, Посиди и Агиа Параскеви. Центарот на Калитеа е раскрсницата која води до овие два правци. Афитос е во близина, па можете да одите таму на попладневна прошетка. Плажата во Калитеа е една од најубавите плажи на првиот крак, се каракретизира по кристално чистата вода, ситна песок, плитка и идеална за деца, наградувана со плаво знаменце за чистота.

Опис на сместување

Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед (гледаат во ѕид на друга вила), ТВ, клима без доплата и wi-fi.

Превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
  • -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 40еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
  • Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *