Вила „Михаил“

Во срцето на Касандра, на околу 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики, место совршено за семеен одмор Може да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да прошетате во околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети, пекарници ви се на дофат, па нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има и аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед. Во продолжение ви ја претставуваме вила Михаил

Вила Михаил
Вила Михаилсе наоѓа во мирниот дел на Полихроно, на 200м од плажа. Располага со 9 апартмани, 3 на приземје, 3 на прв кат и 3 на втор кат..

Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Во спалната има два одвоени кревети и во кујната има кревет на спуштање.. Користењето на климата е вклучено во цената.
20% попуст за рана резевазија за уплата од 50% до 30.04 и целосна доплата на 15 дена пред патување


Во цената на аранжманот е вклучено:
-7 ноќевања во вила Mихаил
-Користење на клима

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-Доплата за туристичка такса 0.5 центи од ноќ од апартман (Се плаќа во вилата)
-Превоз за возрасен 40 еур / 30 еур во еден правец
-Превоз за дете до 11.99год. 30Еур / 25 еур во еден правец
-Дете до 2 год. (без седиште)-бесплатно
-Патничко осигурување

Напомени:

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
-Цените во табелата не се со пресметан попуст од 20%
-Доплата за туристичка такса 0.5 еур по апартман на ден и се плаќа во вилата.
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд).
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
-Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
-За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.
-Попустите Не се комбинираат.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
-Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
-Сместување во собите е по 14.00час.-локално време, а напуштање на истите е во 09.00час.
-По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
-Доколку е за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
-Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
-Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
-За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *