Вила „Нектариос“

Вила Нектариос се наоѓа во Полихроно, на прва линија до плажа, покрај камениот споменик во Полихорно. Располага со мал број на соби и е идеална за оние кој преферираат плажата да им е близу. 

Вилата нема сопствен паркинг. Сите соби се опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, сопствен тоалет, мини кујна опремена со основен прибор за готвење и јадење, балкон, wi-fi (за брзината на интернетот не гарантираме). Во услугата не се вклучени пешкири. 

Цените се изразени за НАЕМ на Студио / Апартман за 7 ноќевања

Цените се изразени во евра, плаќање исклучиво во денарска противвредост од 62мкд. 

Напомена: првите три термини и последните два се промо цени и на нив не следува попуст

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНО ДО 30.04.2023

Опис на сместување

Вилата располага со 4 соби од кој, две трокреветни, еден апартман со една спална за пет лица, и еден двоспален апартман за 4 лица. 

Трокреветните студиа се наоѓаат на приземје, и балконот е во правец кон друга вила, имаат еден дупли кревет и едно единечно легло, кујната е одделена од спалниот дел кој се затвара со врата, располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, кујната е опремена со основен прибор за готвење и јадење и мал фрижидер, имаат ТВ и клима вклучена во цената. 

Двоспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од кујна опремена за готвење и јадење, од неа се влага во две посебни спални од кои едната е со две единечни легла, другата со еден спален кревет, овој апартман има балкон со поглед на море. 

Едноспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од две простории, погодни за сместување на 5 возрасни лица, т.е во спалната има 3 единечни легла и тераса која гледа према море, и голема просторија каде е кујната опремена со основен прибор за готвење и јадење, и две единечни легла. 

Удобности

  • Клима
  • WI-FI
  • Кујна
  • TV

Превоз

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (четврток)

  • -Скопје (Дрводекор) – 45еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 60еур по лице
  • -Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 45еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –45еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 45еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • -Битола -(Автобуска Станица Транскоп-на перон) – 40еур по лице
  • -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –40еур по лице
  • -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –50еур по лице
  • -Кичево (БП Пуцко Петрол) Трансфер до Битола – 55еур
  • -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 50еур по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 50еур по лице

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • -4:00 Скопје (Дрводекор)
  • -4:30 Велес (БП Макпетрол)
  • -5:00 Неготино (БП Неготино)
  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:15 Кичево ( БП Пуцко Петрол) Трансфер од Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица) – Трасфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти
  • 14:15 локално време (13:15 Мак. време) Пефкохори

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *