Вила „Савас“ – Дасиа

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

15% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 01.04.2023

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите во вилата.

Располага со двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  мазонети. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi.

На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu.

За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг.

Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата

Што е вклучено во цената:

– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје

– 7 ноќевања

– Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената:

– Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања, а за апартман 7 евра,  која се плаќа задолжително во агенција)

– Факултативни излети

– Патничко осигурување

НАПОМЕНА:

CHECK IN:  14:00 h

CHECK OUT: 09:00 h

*Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат

*За споен термин се одбива  10% попуст на вториот термин на редовните цени.

*Во четворокреветните мазонети 3 лица плаќаат целосна сума 4 то лице возрасно има 30% попуст од редовната цена,  дете до 11 год. има 50% попуст од редовната цена.

*Двокреветни,трокреветни студија (може да се додаде дополнително легло за трето и четврто лице)

*Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

*Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

*Дете од 0 до 3 години – Бесплатно – спие во кревет со еден од возрасните

*Двајца возрасни со едно дете од 4 до 11 години на дополнително легло за детето се плаќа 50% од редовнта цена + 20 евра за траект.

Двајца возрасни со две деца  од 4 до 11 години се сместуваат во 1/3 студио и децата плаќаат по 50% од редовната цена + 20 евра за траект.

*За сопствен превоз се одбива 20 евра од редовната цена по лице.

*За еднокреветна соба се доплаќа 50% од редовната цена за вториот кревет,

*Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,

Факултативни излети:

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.

Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот. 

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

Крстарење Паксос и Антипаксос

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

Аква Парк

Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *