Вила „Спирос“

Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири.

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

-15% FIRST MINUTE ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.01.2023, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 04.02.2023

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 04.03.2023

Опис на регион

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна.

Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 62МКД

Вила Спирос нема да работи вон сезона, само со термините наведени подоле во табелата.

Опис на сместување

Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 5еур на ден. 

Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица.

Удобности

  • Клима
  • WI-FI
  • Кујна

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје (Дрводекор) – 60€ по лице 
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -75€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) -60€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола (спортска сала)-55€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -55€
  • -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -65€ по лице
  • -Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -70€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -65€ по лице

-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на поаѓање за Лефкада:

  • -01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • -01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
  • -12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • -02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • -03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    -04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
  • -02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *