ВИЛА ТУЛИС

ПОЛИХРОНО ГРЦИЈА ГРЦИЈА

🚌 автобуски превоз

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/ 3 АПП, ТРИ ЛИЦА ВО 1/3 +1, 1/ 4 И 1/5 АПП И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.

Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот  центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Одличен избор за семејства. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

Располага со 11 апартмани поделени во две згради.

Во зграда број 1 се наоѓаат:


Апп бр. 8 (ЗА 4 ЛИЦА)
 – се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и брачен кревет. Лево е тоалетот. Спалната е со брачен кревет, вграден плакар, шминкерница. Оваа соба гледа према двор. 
Кликни на линкот за видео од апартманот.

Апп бр.9 (ЗА 4 ЛИЦА)  – се наоѓа на приземје, одма до апартман бр. 8. Апартманот има соба со брачен кревет, плакар и фрижидер (голем). Десно е тоалетот со стандардна големина. Во кујната која е комплетно опремена има брачен кревет, масичка за ручање, плотна со две грејни тела, електрично ѓезве за кафе,тв и клима. Спалната и кујната се одделени со врата. Апартманот е ист како апартман број 8. 
Kликни на линкот за видео од апартманот

Дуплекс апп бр.10 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, плотна и маса за ручање. Лево се наоѓа тоалетот, а десно има соба со брачен кревет и еден единечен кревет, плакар и тв. Другата соба има брачен кревет и климата. Собата гледа према двор.
Kликни  за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/nHMgUBkZ7Do

Апп бр. 12 (ЗА 3 ЛИЦА)-се наоѓа на неколку скали над приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо и маса за ручање. Лево е тоалетот, а право соба со брачен кревет и еден единечен каде има тв и клима. Оваа соба гледа према паркингот.
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/8l-UaStY7tQ

Апп бр.13 (ЗА 3 ЛИЦА) –  се наоѓа на приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна со голем фрижидер, решо, маса за ручање и софа за спиење во кујна (препорачуваме на софата да спие дете). Тоалетот е десно, а право се наоѓа спалната соба со брачен кревет, шминкерница, тв и клима. Оваа соба има поглед према паркинг и има посебен влез позади.
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/xRJgVI7CLc4


Во зграда број 2 се наоѓаат:


Дуплекс апп бр.1 (ЗА 5 ЛИЦА) 
– се наоѓа на високо приземје(меѓу кат). Веднаш лево е едната спална соба со брачен кревет, голем плакар, шминкерница и овде е климата. Другата спална соба има брачен кревет и еден единечен кревет, со балкон кој е заеднички со кујната, овде има телевизор. Право е тоалетот, а од десна страна пространа кујна опремена со сите елементи, голем фрижидер и масичка за ручање со тераса со мал поглед на море. 
Kликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/L13MhzTe6-4

Апп бр.2 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Има спална соба со еден брачен кревет и еден единечен кревет, со вграден плакар. Комплетно опремена кујна со софа на спуштање. Балконот е со поглед на двор.
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/TxaM23rpyC4

Апп бр.3 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на прв кат, за оваа соба има посебен влез и има 9 скали за до првиот кат. Голема кујна со единечен кревет, со плотна и голем фрижидер. Право е тоалетот. Има спална со брачен кревет и софа. Климата и тв се во спалната. Има две тераси, една со поглед кон градина и еден со поглед кон двор. 
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/HwSvTibiMPQ

Дуплекс апп бр.4 (ЗА 5 ЛИЦА) – се наоѓа на први кат. Едната спална е со брачен кревет, другата е со брачен кревет и еден единечен, а плакарот е во ходникот. Апартманот има целосно опремена кујна и голем фрижидер. Оваа соба има тераса во ге и има поглед према море.
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/t-3y9wKlskQ

Апп бр.5 (ЗА 4 ЛИЦА) – се наоѓа на втори кат. Десно има соба со брачен и еден единечен кревет, со тв и клима. Апартманот има комплетно опремена кујната со софа, плотна и голем фрижидер. Лево е тоалетот. Тераса со поглед на двор. Препорачуваме двајца возрасни и две деца или тројца возрасни и дете.
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/HuByE_mhhwg

Апп бр.6 (ЗА 4 ЛИЦА) –  е апартман на втор кат со поглед на градина и има една спална соба со еден брачен кревет  и единечен кревет и  посебна кујна каде што има софа на пуштање и единечен кревет. Препорачуваме двајца возрасни и две деца.
Кликни на линкот за видео од апартманот https://www.youtube.com/shorts/1ovKG4_4Grs

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

-Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
-Wi fi интернет
-Приватен паркинг

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

-Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
-Здравствено и патничко осигурување
-Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
-Превоз- Кочани, Штип, Велес, Скопје за возрасен 50 еур / 40 еур во еден правец ; 

-Деца од 2-11.99г. 40eур / 35 еур во еден правец; деца до 2год. -Бесплатно

НАПОМЕНА

-Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
-Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
-Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
-За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
-Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
-По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
-За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Авто Атом

Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз до 13 јуни и септември, а цените во јули и август се за наем на апартман


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *