Вила „Јанис“

ВИЛА ЈАНИС се наоѓа во Лептокарија, во централниот дел на градот во близина на градскиот парк и плоштад. До плажа има 8мин пешачење или 700м. Секоја соба располага со кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, ТВ, балкон и клима (со доплата од 6 еур од ден и се плаќа на лице место).

Име: Gounos Giannis контакт број: 0030 697 864 7511 за лица со сопствено возило, адреса: Ag.Papagaou 20, Leptokraya 60063

Гпс координати: 40.06023370980358, 22.560982723752115

  • Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

(напомена: првите два и последните два термина се промо цени, и не подоложат на попуст) 

7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2023, СО 30% УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА, И ДОПЛАТА ДО 100% ДО 03.05.2023

Опис на регион

Лептокарија денес е прекрасен град кој изобилува со убави објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток на нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа, овој град плени и со големата пешачка зона, големото шеталиште, убавиот парк со прекрасно зеленило…Иако првенствено важи за место за мирен фамилијарен одмор, големиот избор на таверни, кафе-барови, продавници, дискотеки и останати содржини, ќе го направат Лептокарија примамливо место и за оние кои очекуваат нешто подинамичен летен одмор.

Опис на сместување

Сите студиа располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, тв, клима (со доплата на лице место) балкон, распределени се на приземје, прв или втор спрат. Апартманот е составен од 2 спални соби секоја со 3 легла, во него можат да се сместат 6 лица, истиот располага со кујна, клима, тв, балкон.

Опис на сместување

Сите студиа располагаат со мини кујна со прибор за готвење и јадење, тв, клима (со доплата на лице место) балкон, распределени се на приземје, прв или втор спрат. Апартманот е составен од 2 спални соби секоја со 3 легла, во него можат да се сместат 6 лица, истиот располага со кујна, клима, тв, балкон.

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.com.mk) се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

Удобности

  • Клима
  • WI-FI
  • Кујна
  • TV

Превоз

Повратен превоз до Лептокарија чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа:

  • -Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 60€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 45€ по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 45€ по лице
  • -Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа: 

  • -Битола Автобуска станица Транскоп – на перон – 40€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола  – 40€
  • -Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 45€ по лице
  • -Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 55€ по лице
    -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -45€ по лице
  • -Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -45€ по лице

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

  • – Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10еур
  • – Деца до 1,99 години бесплатно

Време на поаѓање превоз од Скопје за Паралиа ( секоја Сабота )

  • -03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
  • -04:00 h Скопје (Дрводекор)
  • -04:30 h Велес (БП Макпетрол кружен тек)
  • -05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
  • -06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Паралија:

  • -04:00 h Битола (автобуска станица Транскоп на перон )
  • -03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола
  • -02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

Поаѓање од Грција: 

14:00 h локално време, ( 13:00 h мак.време) Лептокарија

GPS:40.060262, 22.561240


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *