Вила „Efi“

Вила “EFI” е лоцирана на одлична локација во центар на Парлиа на само 20m од прекрасната песочна плажа и 100m од црквата. Располага со следната структура на студија: 1/2 (еден брачен), 1/3 (еден брачен и еден единечен). Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет (туш кабина, фен), балкон (масичка со столчиња) клима, ТВ, гардеробер. Некои од студијата имаат поглед кон море. Вилата располага со ЛИФТ и е со одличен квалитет на сместување. Wi-Fi интернет – Бесплатен.

НАПОМЕНА

  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • –  Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);
  • –  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *