Вила „Maria“

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио

Вила “Maria” се наоѓа во центарот на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла (поставени нови душеци на секое легло во 2021) на I и II кат. Сите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници… Вилата е во сопствен закуп на Т.А. Медитеран. Ви посакуваме пријатен престој.

Early Booking – Leto 2023

10% попуст за целосна уплата до 01.03.23  |  5% попуст за целосна уплата до 01.04.23

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неотино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата (на булеварот);

–  Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.



ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште); –  Доплата за патничко осигурување.



Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *