Вила “MEDITERAN” – Неи Пори

Бесплатно сместување за 3-то лице во студио /
3-то – 4-то и 5-то лице во апартман со една спална

Вила “MEDITERAN се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…, тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет – Бесплатен. Студијата и апартамните се на I кат и се со одличен квалитет на сместување и страничен поглед на плажа/море. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата. Ви посакуваме пријатен престој.                                                 

EARLY BOOKING – Лето 2026 

10%  попуст за резервации до 31.12.25 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.02.26) 
  7%  попуст за резервации  до 01.02.26 (авансна уплата 30% при резервација, доплата 70%  до 01.03.26)

“MEDITERAN”
Неи Пори
терминМАЈЈУНИЈУЛИАВГУСТСЕПТЕМВРИ
20270310172401081522290512192602091623
бр. ноќи777 *7 *7 *7 *7 *7 *7 *7 *7 *7777
1/3 студио (море)125145165205235265505555615615615615615565525275245205165
АПТ /2+2/ (море)145175205235265295575635715715715715715655585305275235185
опис на ценовникот  цени по лице со превозцени за наем без превозцени по лице со превоз


НАПОМЕНА
–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

–  Доплата за туристичка такса   2€ од соба од ноќ (се плаќа при резервација во агенција);

–  Доплата за клима – 7€ од ден;

–  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);


За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А Авто Атом


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *