Водици – Луковска бања

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на хотел Копаоник во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Цена на аранжманот 179 евра / 11.720мкд

Промо цена 159  евра/ 9.860 мкд за резервации до  25.12.2023

Програма за патување (19.01-21.01.2024)

1.Ден  19.01.2024 (Петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.

Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 3*.

Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.

Вечера. Ноќевање.

2.Ден 20.01.2024 (Сабота) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на  хотелот или пешачка тура до црквата Св.Мина со локален водич (турата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови ). Вечера. Ноќевање.

3.Ден 21.01 (Недела)-ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел Бела Јела 3* во стандардни  двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса    https://lukovskabanja.com/hotel-bela-jela/
  • Користење на отворено – затворен базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, парна бања, тепидариум, солена соба
  • Користење на фитнес сала, детска игротека и сала за забава
  • Туристичка такса

Ценатана аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и доплати:

  • Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
  • Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 90€/5.580ден
  • Доплата за еднокреветна соба 26€/1.615ден за две ноќевања (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.

Напомена:

*За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

*Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

*За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

* Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

* Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

* За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *