Водици – Сокобања

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Сокобања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Промо цена 129  евра/ 8.000 мкд за резервации до  25.12.2023

Цена на аранжманот 149 евра / 9.240 мкд

Програма за патување (19.01-21.01.2024)

19.01.2024 (Петок) Скопје – Сокобања

Состанок на групата во 05.30час. На паркингот кај хотел Вип. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне и сместување во хотел Бањица.Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.

Ноќевање.

20.01.2024 (Сабота) -Сокобања

Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград (доколку временските услови дозволуваат)

Враќање во хотел. Ручек.

Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃.

Вечера. Ноќевање

21.01.2024- (Недела) Сокобања-Скопје

Појадок.  Одјавување од хотел.

Слободно време до 12.00час. и поаѓање за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

 • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

Традиционален коктел за добродојде

• 2 Полни пансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3*  https://www.banjica.co.rs/

• Организиран разглед на Сокобања со локален водич

• Организирана пешачка тура со локален водич до Лептерија и Сокоград

• Бесплатно користење на џакузи базенот во хотелот

• Туристичка такса

• Организација, реализација и придружник на патувањето

Ценатана аранжманот не вклучува:

• Индивидуални трошоци (групна карта за Соко Терме 800динари/ индивидуална карта 1.500динари)

• Задолжително патничко и здравствено осигурување


Попусти и доплати:

  • Дете од 2-9.99год. во придружба на 2 возрасни плаќа 70€/ 4.350ден
  • Доплата за еднокреветна соба 40€/.480ден за две ноќевања
  • Намалување за сопствен превоз -10€/ 620ден од патник.

Напомена:

• За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ

• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници

• Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

• За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на пасошот мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *