Едрене 8ми Март

ЕДРЕНЕ е пограничен град на 18 км. од границата помеѓу  Бугарија и Турција. Со многу интересна историја, различна култура ,многу вкусни специјалитети и најевтин ШОПИНГ. Градот е многу интересен за истражување со своите затворени чаршии, прекрасните џамии, со фонтани од конзерви во центарот и прекрасните добро сочувани дрвени куќи со посебна декорација, со своите големи паркови и мостови ги импресионира сите што го посетуваат овој град. Трите  реки Марица, Арда и Тунџа се спојуваат во овој град.Едрене е познат и како град на фонтани – над 100 прекрасни фонтани со извонредна архитектура и детали. Да, ќе видите фонтани на скоро секој плоштад и голема раскрсница. И уште еден интересен факт – за разлика од нас, во овој град очигледно не чувствуваа потреба да ја градат секоја градина помеѓу згради, ниту да прават високи згради. Како резултат, градот е исклучително пријатен за живеење, со многу зеленило, сончева светлина.

Термин: 01.03 – 03.03.2024
ЦЕНА: 79 ЕВРА /  4900 ДЕНАРИ

1 ден 01.03.2024- ПЕТОК: СКОПЈЕ-ВЕЛЕС-ШТИП-КОЧАНИ-ВИНИЦА-КАМЕНИЦА-ДЕЛЧЕВО – ЕДРЕНЕ

Тргнување  во вечерните часови од пред Кочани (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Преминување на граничниот премин Андреево-Капи Куле.

2 ден 02.03.2024- САБОТА: ЕДРЕНЕ

Пристигнување во Едрене во утринските часови. Можност да прошетаме во центарот на градот.. Посета на симболот на градот Едрене – џамијата Селимије, изградена е по наредба на султанот Селим Втори помеѓу 1569 и 1575 година и претставува вистинско архитектонско ремек-дело. Секое од нејзините 4 минариња, високи над 70 метри, открива неверојатен поглед на градот, што ќе остави траен спомен на вашето патување до Едрене. Се разбира, за да го видите, мора да се качите по скалите до врвот, но вреди да се вложи напор. Погледот околу џамијата не е помалку импресивен.Во непосредна близина на џамијата се наоѓа и покриениот пазар познат како „малата Капала Чаршија“ каде ќе имате слободно време за шопинг. Од подножјето на џамијата Селимије започнува лавиринт од мали улици кои водат кон главната улица во Едрене, Сарацлар Јадеси. Тука ќе најдете многу шарени и живописни продавници за секаков вид стока, како и многу слаткарници и кафулиња. Ако сакате да јадете некои традиционални турски колачи, одете во слаткарницата Мадо на врвот на главната улица. Тука има бесконечна разновидност на пецива – ве советувам да пробате кунефе, што е еден вид сирупски десерт од кадаиф и урда. Бадемовата паста е исто така нешто по што е познат градот Едрене. Направен е од горчлив бадем и има многу специфичен вкус. Друго специфично јадење од Едрене што треба да го пробате е Порција со црн дроб – ова е пржен црн дроб, исечен на тенки парчиња и се служи со немилосрдна лута пиперка 

Сместување во хотелот. Навечер организирана вечера по повод 8ми Март со мени и музика. Ноќевање.

3 ден 03.03.2024- НЕДЕЛА: ЕДРЕНЕ -ДЕЛЧЕВО-КАМЕНИЦА-ВИНИЦА-КОЧАНИ- ШТИП-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од  хотелот. Се уптуваме кон православната бугарската црква „Св. Свети Константин и Елена “, која со својата прекрасна градина е омилено место на туристите кои го посетуваат Едрене. Храмот е изграден во 1869 година и се наоѓа во близина на местото каде реката Тунџа се влева во реката Марица.

Посета на  Margi Outlet во кој  има продавници со многу квалитетна облека по многу ниски цени…. и Синиот пазар кој се наоѓа во непосредна близина на аутлетот..Потоа се упатуваме кон  складовите  за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени во Турција.

Тргнување од Едрене околу 16 часот. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

-1 ноќeвање  со појадок вo хотел  во Едрене
– Превоз со високо туристички автобус
– Посета на центарот на градот Едрене
– Посета на црквата Свети Константин и Елена
– Посета на џамијата Селимије, симболот на градот
– Посета на Margi Outlet
– Посета на складовите  за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени
-Придружник од агенцијата

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

– Патничко осигурување 200 денари (задолжително)


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *