Загреб со Љубљана

Загреб е град израснат од две населби, на два соседни рида, кои што го сочинуваат јадрото на денешен Загреб и неговиот стар град. Денес, Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќајен и научен центар на Хрватска. Стариот и новиот град се сметаат за споменицина културата, кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век.
Ви нудиме незаборавна прошетка низ прекрасниот Загреб за време на божиќниот пазар.

Термин: 05.12 – 08.12.2025

Цена 145 евра


05.12.2025 (петок)
 Поаѓање во 19.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.

06.12.2025 (сабота) Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Факултативен излет во најпознатото Божиќно село Салајланд во Чазма . Враќање во хотел. Ноќевање.

07.12.2025. (недела) Појадок. Поаѓање (факултативен излет) за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во Божикниот базар во Загреб, празничната магија на градот, голем број на тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Враќање во хотел. Ноќевање.

08.12.2025. (понеделник) Појадок. Посета на шопинг центар “Arena Centar”, слободно време за индивидуални активности.  Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Загреб

-разгледување на Загреб

-посета на Божикен базар во Загреб

-придружник на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување

-посета на Љубљана со водич-40 евра

-посета на Божикното село Салајланд(вклучена влезница) –20 евра

-туристичка такса за сместување во Загреб 5е за двете ноќевања задолжително

-влезници за културно историските споменици

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А Авто Атом


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *