5дена / 3ноќи / автобус
1 ден 02.05.2024 ( четврток ) Штип – Игуменица
Поаѓање во 22.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта. Ноќно возење до Игуменица со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 03.05.20223 ( петок ) Игуменица- Лефкими (Крф)
Пристигнување во Игуменица. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сместување во апартмани. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Попладне, поаѓање кон градот Крф -каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симбол на островот. Церемонија продолжува до 21:00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големиот хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос. Враќање во апартмани. Ноќевање.
3 ден 04.05.2024 (сабота) Крф
Околу 8.00 часот поаѓање кон градот Крф и следење на познатата велигденска церемонија: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св.Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Околу 13:00 часот поаѓање кон Канони – познат локалитет и видиковец, посета на црквата на Пресвета Богородица од Влахерна која се наога на мало островче и панорамски разглед на островот Понтикониси- (легендата кажува дека островот настанал кога Посејдон го скаменил бродот на Феичаните, казнувајки ги за нивната помош кон Одисеј). Враќање во апартманите. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот, каде на големиот плоштад се очекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси импозантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во апартманите. Ноќевање.
4 ден 05.05.2024 (недела ) Крф- Ахилеон – Палеокастрица – Крф
ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН-ден на радоста. Можност за факултативна посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН и факултативен полудневен излет. По разгледот на палатата, поаѓаме према Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатна посета на фабрика за пијалоци и слатко од овошјето Ком-куат, кое расте единствено на островот. Пристигнување на Палеокастрица. Слободно време за уживање во една од најпознатите плажи на Крф, можност за ручек или крстарење со бродче. Враќање во апартманите. Слободно време. Ноќевање.
5 ден 06.05.2024 (понеделник ) Крф- Игуменица-Штип
Напуштање на апартманите и поаѓање со брод за Игуменица. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Штип во вечерните часови.
Цена: 9.400,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превозсо туристички автобус
- превоз со брод на релација: Игуменица-Лефкими-Игуменица
- 3 ноќевања во апартмани во Бенитес
- организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аражманот не е вклучено:
- туристичка такса -4.5 евра ( задолжителна доплата во агенција )
- факулативен излет до Ахилеон, фабрика Мавроматис и Палеокастрица – 15 € ( пријавување при резервација, минимум пријавени 35 лица за реализација)
- влезница за посета на палатата на принцезата Сиси – 5 € ( се плаќа на влезот )
- патничко осигурување 200 денари (задолжително)
Рок на пријавување 20.04.2024
За реализација на аранжманот е потребено минимум 45 патници.

Leave a Reply