Лутраки-Воден за 1 Мај

Термин 01.05 – 02.05

1 ноќевање  / 2 дена / автобуски превоз

Цена: 3750 денари.

Организиран превоз од Виница, Кочани, Штип, Радовиш, Струмица и Гевгелија ( Шимов ).

01.05.2026 год. Поаѓање во раните утрински часови од Македонија и патување кон Лутраки (Пожар). Пристигнување во Лутраќи, сместување во апартмани. Слободно време за посета и користење на минералните топли води на отворено во Лутраки. Организирано факултативно посета на таверна со комплетно мени и музика. Ноќевање.

02.05.2026 год. Слободно време за посета и користење на минералните топли води на отворено во Лутраки. Заминување за Воден, посета на природните убавини на градот познат по изобилството на вода и живописните водопади, слободно време. Заминуваме за Македонија во попладневните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-превоз на наведената релација со високо туристички авотбус

-едно ноќевање во  апартмани  во Лутраки

-посета на Лутраки

-посета на Воден

-организација и водство на патувањето

-туристичка такса за Грција

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-користење на топлите минерални води во Лутраки-индивидуално – 3 -5

-влезници за културно историските знаменитости

-патничко и здравствено осигурување

-вечера во таверна  “Кај Митре” со грчка и македонска музика,

(комплетно мени- салата, главно јадење , пијалок- вода и узо, десерт)-25 

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Авто Атом го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање.
  • Т.А Авто Атом го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот, временски услови.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 35 патници, и важат општите услови на патување на Т.А .Авто Атом.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво кога е направена резервацијата и периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
    Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Авто Атом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *