Водици во Охрид 19.01.2024

Термин – 19.01.2024

 (петок – неработен ден)

државен празник – Водици

Цена: 1090 денари

Тргнување од Кочани во 4:00. Се упатуваме кон Охрид со попатни паузи. Пристигнување во Охрид во 9:00.

Се упатуваме кон пристаништето каде ќе присуствуваме на фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро.

Од плоштадот во Охрид се упатуваме кон Црквата Богородица-Перивлепта (Богородица која гледа се). Во оваа црква биле сместени моштите на Свети Климент. Попатно застануваме во античкиот театар.  

Потоа ја посетуваме Црквата Свети Климент и Пантелејмон (Плаошник). Единствена црква со такво име во Македонија и пошироко. Таму се сместени останките на Свети Климент.

Потоа ја посетуваме црквата Јован Канео. Се движиме по патеката која не води покрај самото езеро и преку мостот на вњубените.

Посета на  катедралната Црква Света Софија.

Ја посетуваме националната работилница за изработка на хартија каде е сместена реплика на Гутемберговата преса. На таа преса е печатена првата библија.

Индивидуална посета на Градскиот музеј (Куќата на Робевци) во која се изложени многу историски артефакти кои датираат од пред нашата ера се до 19 век. Во музејот се наоѓа и златната посмртна маска на македонски владетел. Слика од таа златна маска се наоѓа на банкнотета од 500 денари.

Потоа се упатуваме кон плоштадот. Слободно време за прошетка, кафе и ручек. Се наоѓаме на договорено место.

По посетата се упатуваме кон Кочани.

Во цената е вклучено:

  • Превоз на дадена локација
  • Лиценциран придружник при целото патување
  • Посета на црква Богородица Перивлепта
  • Посета на црква свети Климент и Пантелејмон (Плаошник)
  • Посета на црква Јован Канео
  • Посета на црква Света Софија
  • Посета на национална работилница за хартија
  • Посета на музеј на град Охрид (куќата на Робевци)

Во цената не е вклучено:

  • Влезница во црквата Богородица Перивлепта (не е предвидено влегување)
  • Влезница во црквата Света Софија (не е предвидено влегување)
  • Влезница во музејот на град Охрид
  • Индивидуални трошоци.

Организиран превоз од:

Виница, Кочани, Штип, Овчеполе, Велес.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *