Пенелопе Студиос – Остров Тасос 2026

Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Островот е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас Тасос, богат со шуми, каменоломи од мермер, злато, маслиново масло и мед.

Вилата Пенелопе се наоѓа во Скала Потамиа на Тасос, на само неколку чекори од песочната плажа на Скала Потамиа и Голден Бич.

Локацијата е многу централна, со сè што ви треба на кратко пешачко растојание: таверни, барови на плажа, супермаркети, продавници, такси и многу повеќе.

Вилата има двокреветни студиа, секое со свое купатило со туш, мини кујна со фриќидер, ТВ и клима уред (со доплата).

Собите кои ги имаме на располагање се на приземје и на први кат. Собите на приземје имаат заеднички двор кој е на располагање на гостите од вилата, а собите на први кат имаат заедничка тераса.

Собите имаат мини кујна.

Студијата се добиваат исчистени и со променета постелнина, а за хигиената на собата во текот на престојот се грижат самите гости.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)
  • Користење на Wi-Fi

Што не е вклучено во цената

  • Tуристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот
  • Превоз за возрасни: Скопје 60е, Велес 60е, Неготино 60е, Гевгелија 60е, Штип 70е, Радовиш 70е, Струмица 70е.
  • За деца од 2 до 11,99 години попуст од 10е од редовната цена дадена за превоз. Деца до 1,99 години бесплатно.
  • Задолжителна доплата за траект – 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години
  • Патничко осигурување
  • Доплата за користење на клима уред се плаќа на лице место 8 еур на ден
термин1/2 студио
22.05 – 29.05.26169 €
29.05 – 05.06.26179 €
05.06 – 12.06.26219 €
12.06 – 19.06.26305 €
19.06 – 26.06.26335 €
26.06 – 03.07.26405 €
03.07 – 10.07.26429 €
10.07 – 17.07.26505 €
17.07 – 24.07.26529 €
24.07 – 31.07.26529 €
31.07 – 07.08.26565 €
07.08 – 14.08.26565 €
14.08 – 21.08.26529 €
21.08 – 28.08.26529 €
28.08 – 04.09.26369 €
04.09 – 11.09.26329 €
11.09 – 18.09.26229 €

Важно

  • Собите се добиваат исчистени и со променета постелнила а за хигиента на собата во текот на престојот се грижат самите гости.
  • Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро.
  • Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.
  • Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.
  • Бројот на соби кој може да се резервира со Early Booking попуст е ограничен!
  • Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.
  • Резервациите направени со Early Booking не може да се комбинират со ниту еден друг попуст!
  • Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
  • За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попсут на терминот со пониска цена, овој попуст не е валиден за резервации направени по цена со Early booking попуст или било кој друг тип на попуст.

Координати:40°42’44.0″N 24°45’30.0″E


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *