ПРАГА (3ноќи) – ВЕЛИГДЕН

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град,
град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава,
најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов
Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни
споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО


Термин 01.05.2024-06.05.2024
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2024: 179 евра / 11.100 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  199 евра / 12.340 денари

1 ден  01.05.2024 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата во Кочани во 11:00h . Се патува преку граничниот премин
Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2 ден  02.05.2024 ПРАГА
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш
се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов
мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат,
Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот
часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот
музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно
време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.


3 ден  03.05.2024 ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на
покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна
Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден
период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски
стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од
некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000
уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска
Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј
каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време.
Враќање во хотел. Ноќевање.


4 ден   04.05.2024 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари.
Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност
да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер,
ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните
попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.
Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање 


5 ден  05.05.2024 ПРАГА – ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET
SHOPPING CENTER  FREEPORT. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ
стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан …  Слободно
време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови.  Ноќно возење.


6 ден 06.05.2024 СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
 Превоз со високотуристички автобус
 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага
 Организација и водство на програмата
 Посета и разглед на Виена
 Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
 Организација на аранжманот
 Лиценциран туристички придружник
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:
 Задолжително патничко осигурување  300 ден
 Разглед на Прага со локален водич  (15€)
 Факултативен излет Карлови Вари   (35€)

 Доплата за еднокреветна соба  5.500 ден
 Крстарење со брод по Влтава  (20€)
 Целодневна посета на Дрезден  (45€)
 Туристичка такса 3 евро по лице на ден, се плаќа во агенција
 Влезници за музеи и локалитети
 Доплата за седиште по избор (20€)


НАПОМЕНИ:
 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
 Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
 Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1
евро = 62 денари
 За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна
уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена
пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
 Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди
термин и место на поаѓање.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *