ПРАГА-8ми МАРТ

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

ПРОМО ЦЕНА: 139 евра / 8620 мкд
РЕДОВНА ЦЕНА: 159 евра / 9860 мкд

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница

ПРОГРАМА:

1 ден  07.03.2024  Кочани – Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Прага.
Тргнување од Кочани во 11:00 часот. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден 08.03.2024: Прага.
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 09.03.2024: Прага – Дрезден  (факултативно).
Појадок. 
Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.   

4 ден 10.03.2024: Прага  – Братислава.
Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава, Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки и поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден   11.03.2024
Пристигнување во Скопје – Кочани во утринските часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз
  • Две ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Посета на Братислава
  • Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич – 10 евра
  • Вечерно крстарење по В`лтава – 20 евра
  • Посета на Дрезден – 30 евра
  • Патничко осигурување 250 денари

Пакет сите факултативи 50 евра 


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *