САРАЕВО И МОСТАР – ВЕЛИГДЕН 2024

Сараево лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност.Дом на голем број на религии со векови, а со тоа и на различни култури. Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа  или „Ерусалим на Балканот еден е од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.

Термин: 03.05-06.05.2024 
Промо цена до 15.04 : 89е / 5 520 ден. 
Редовна цена: 109е / 6 760 ден.

ПРОГРАМА:

1 ден (петок) 03.05.2024 Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

2 ден (сабота) 04.05.2024-Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант,  улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.

3ден (недела) 05.05.2024 Сараево – Мостар – Сараево.
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со  водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.

3 ден (понеделник) 06.05.2024 Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација
  • Сместување во хотел  на база 2 ноќевања со појадок
  • Разгледување на Сараево со водич
  • Придружник на групата
  • Посета на Вишеград

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 250 денари
  • Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Крстарење по Дрина 10 eвра
  • Разглед и посета на Дрвенград 5 евра
  • Туристичка такса 200 денари по лице
  • Свечена вечера во ресторан Bob Exclusive со музика 35е
    Мени: 
    Роловано пилешко филе (со сирење и шунка) и телешко.
    Мешана сезонска салата,домашен леб и десерт(чоколаден мус)
  • Мени бр 2:  Пастрамка со далматински прилог
    Мешана сезонска салата, домашен леб и десерт( чоколадна торта)
    Неограничени пијалоци

НАПОМЕНА:

  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица
    постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  •  Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено вопрограмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *