Промо цена: 125е до 10.12.2025 (7750ден)
Редовна цена: 149e (9240ден)
Сараево лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност.Дом на голем број на религии со векови, а со тоа и на различни култури. Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот еден е од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.
ПРОГРАМА:
30.12.2025 – вторник Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
31.12.2025 –среда Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор.Се упатуваме на плоштад за прославување на новогодишната вечер со луда забава и добра музика. По договореното време се враќаме во хотел. Ноќевање.
01.01.2026 – Четврток Сараево –- Мостар – Сараево.
Појадок. После појадокот се упатуваме кон Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево за дочек на втората новогодишна вечер на плоштад. По договореното време се упатуваме во хотелот. Ноќевање.
02.01.2026 – петок Сараево –ВишеГрад – Златибор – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Се упатуваме кон Златибор максимално да уживате во убавините на Златибор. Прошетка низ центарот на градот, посетете некоја локална кафеана каде што може да пробате локални специјалитети и секако да уживате во културата на ова прекрасно место. Слободно време во Златибор 3 часа. После разгледот и прошетката во Златибор тргнуваме за Македонија. Со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација
- Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
- Разгледување на Сараево со водич
- Придружник на групата
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено патничко осигурување (задолжително)
- Туристичка такса (задолжително) 250 денари по лице
- Посета на Јабланица – Битката на Ранетите и срушениот мост на неретва и Мостар – 40евра
- Прошетка во Златибор – 20 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
Факултативата во Златибор е задолжителна што значи дека секој патник што патува на оваа програма мора задолжително да ја плати и да учествува на истата.
НАПОМЕНА:
- Нема намалување на цената за сопствен превоз
- ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица
постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А. АВТО АТОМ.
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
- Т.А. АВТО АТОМ го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено вопрограмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
- Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

Leave a Reply