❤️  КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – 08ми ДЕКЕМВРИ❤️

Куршумлијска Бања е градска населна и бањско лекувалиште во општина Куршумлија.

Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија.

Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлијска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“. 

ТЕРМИН: 06.12-08-12.2025


ПРОМО ЦЕНА: 189€ / 11.720МКД
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:209€ / 1.960МКД

06.12.2025 (Сабота) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.

Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*.

Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.

Вечера. Ноќевање.

07.12.2025 (Недела) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА

Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

08.12.2025 (Понеделник) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време  за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
  • Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
  • Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
  • Туристичка такса

Ценатана аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и доплати:

  • Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170мкд
  • Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло-50% попуст
  • Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник

**Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни+1 дете до 11.99 +1дете до 2.99г.)

НАПОМЕНА:

*За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

*Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање

*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

*Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.

*За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

  • * Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
  • * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • * Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *