😍🫶ПРАГА СО ДРЕЗДЕН И ВИЕНА ЗА 01-ВИ МАЈ – НОВА ПРОГРАМА

Опис

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

ПРОМО ЦЕНА 159 евра / 9860  денари

РЕДОВНА ЦЕНА : 179е/ 11.100 мкд

ТЕРМИНИ: 30.04.2026-04.05.2026

Организиран превоз од: Виница,Штип,Кочани,Овче Поле,Велес,Скопје,Куманово

Каменица и Делчево – повеќе од 10 лица ако има.

410f347dea95abec694eb19176024dda
« of 6 »

ПРОГРАМА:

1 ден (четврток) 30.04.2026  Кочани – Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Прага.

Тргнување од Кочани. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

2 ден (петок) 01.05.2026: Прага

Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден (сабота) 02.05.2026 – Прага – Дрезден – Прага. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.  

4 ден (недела) 03.05.2026: Прага  – Виена – Македонија

Појадок. После појадокот, поаѓање за Виена. Виена е главниот град на Австрија и еден од најубавите и најкултурни градови во Европа. Градот се наоѓа на реката Дунав и е познат по својата царска историја, величествена архитектура и богат музички живот. Разглед на Виена, слободно време за кафе,ручек, шопинг и индивидуални активности.  По договореното време тргнуваме за Македонија.

5 ден (понеделник) 04.05.2026

Пристигнување во Скопје – Кочани во утринските часови

.ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Автобуски превоз

Две ноќевања во хотел 3* со појадок во Прага или околината на Прага

Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Разглед на Прага со локален водич – 15 евра – задолжителна факултатива

Вечерно крстарење по В`лтава – 20 евра

Посета на Дрезден  – 30 евра

Посета на Виена – 20 евра – задолжителна факултатива

Патничко осигурување 320 денари

Туристичка Такса 2.5 од ноќевање од лице

Пакет сите факултативи 80 евра

РАЗГЛЕДОТ НА ПРАГА СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ И ВИЕНА СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ.

Сите патници кои што се пријавени за овој аранжман задолжително мора да ги платат овие факултативи без исклучоци.

НАПОМЕНИ:

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.

– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.

– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.

– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства

– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.

Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.

За овој аранжман важат општите услови на Т.А AVTO ATOM.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.

Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. AVTO ATOM.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *