БЕЛГРАД СО ПОСЕТА НА МАНАСТИР ТУМАНЕ

Термин: 18.04 – 19.04

1 ноќевање со појадок во центарот на Белград + превоз

ПРОМО ЦЕНА ДО 21.03 : 90 € / 5580 ден.

РЕДОВНА ЦЕНА 109

( достапни само 35 места )

18.04.2026 (Сабота) 

Состанок на групата во 01:00 часот на автобуската станица во Кочани. Попатно земање на патници од Штип, Св. Николе и Куманово. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Планирано пристигнување во Белград околу 08:00 – 09:00 часот наутро.

Посета на Храмот Свети Сава е црква која се наоѓа во БелградСрбија и е во склопот на Српската православна црква. Овој храм е најголемиот православен храм на Балканот и втор во светот по Црквата на Исус Христос Спасителот во Москва. Била изградена на местото на кое се смета дека Синан паша ги запалил моштите на Свети Сава во 1595 година. Изградбата на црквата започнала во 1894 година, а како главен архитект бил избран Александар Дероко.

Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и панорама од каде се гледа влевањето на реката Сава во реката Дунав. Слободно време за прошетка низ познатите улици Кнез Михајлова и Теразије. Можност за факултативно крстарење по Сава и Дунав.

Сместување во хотел. Ноќевање.

19.04.2026 (Недела) 

Појадок. После појадокот се упатуваме кон Белград на Вода. Слободно време за прошетка и разглед или посета на Шопинг Центарот Галерија.

Во договорено време тргнуваме за манастир Тумане.

Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината Голубац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Манастирот е познат по чудотворните мошти на Свети Зосим, Свети Јаков, Свети Нектариј Егински, чудотворната икона на Света Богородица, испосницата на Свети Зосим и водопадот во негова близина. . Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, ​​јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план.

Од манастирот Тумане, ( само оние патници кои сакаат ) заминуваме пешки кон испосницата во која живеел Свети Зосим. Покрај испосницата извира лековита вода од која патниците може да си понесат за здравје. Се враќеме пешки кај манастирот Тумане. После посетата на Манастирот, се враќаме кон Македонија. Пристигнување во Македонија доцна навечер ( наутро ).

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Св. Николе и Куманово.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  •  Разглед на Белград со локален водич
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на Белград на Вода и трговскиот центар „Галерија“
  • Посета на Манастирот Тумане

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување ( задолжително )
  • Tуристичка Такса 2 евра ( задолжително ) се плаќа во агенција
  • Факултативно крстарење по реките Сава и Дунав ( Околу 25 евра по лице )

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. ( седишта број 1 и 2  се резервирани за водич и шофер )

НАПОМЕНИ: 

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување!
  • Т.А. Авто Атом го задржува правото да во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелот се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo.
  • Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Аранжманот е правен врз база на 35 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
  • Пред тргнување, проверете ја важноста на своите патни исправи , задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување. Недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Авто Атом и на самата агенција.
  • Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Авто Атом

ИНФО ЗА ПОСЕТИТЕ ВО ТЕКОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Крепоста Калемегдан

Древна тврдина на спојот на реките Дунав и Сава, за која низ историјата повеќепати се воделе битки. Бесплатен влез во дворот (отворено 24/7). Видливи слоеви од римско, византиско, отоманско и австриско потекло. Погледот кон реките при зајдисонце е спектакуларен — локалните жители се собираат тука со вино. Во воениот музеј (околу 3 евра) внатре се прикажува воената историја на Србија. Паунови шетаат слободно.

Улица Кнез Михаилова

Главен пешачки булевар што ги поврзува Републичкиот плоштад и тврдината Калемегдан. Слободно шетајте. Поплочен со австро-унгарска архитектура од 19-тиот век, улични изведувачи, кафеа со турско кафе и меѓународни брендови. Споредните улички кријат книжарници, галерии и традиционални кафеани.

Плоштадот на Републиката (српски: Трг републике) е главниот централен плоштад во Белград, лоциран во општина Стари град. Опкружен е со значајни објекти како Народниот театар и Народниот музеј, а е познат по споменикот на кнезот Михајло Обреновиќ. Порасно познат како Театарски плоштад, ова е главно место за состаноци и културни настани во градот.

Римски бунар на Калемегдан во Белград е фасцинантна подземна градба, всушност австриска цистерна од 18 век (1717-1731), длабока преку 51 метар, а не од римско време како што сугерира името. Изграден за водоснабдување на тврдината, бунарот е познат по своите импресивни спирални скали и бројни легенди. 

Воен музеј (Белград) е музејска институција која собира, проучува и прзентира различни предмети за воена употреба, а пред сè оружје, униформи, војни знамиња, војни документи и уметнички дела со воена тематика. Војниот музеј во Белград е сместен на првиот бастион на југоисточниот фронт на Белградската тврдина во зграда која е подигната во 1924 година, за потребите на Военогеогравскиот институт кој во 1956 година му бил предаден на Музејот. Опкурежен со бедеми и најголеиот белградски парк Калемегдан, претставува еден од симболите на Белградската тврдина.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *