БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА

Букурешт-културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата.Букурешт има диверзитет на културна сцена,каде што културниот живот се одразува на повеќе сегменти, вклучувајќи визуелна уметност,перформанси и ноќен живот. Букурешт има мешавина на елементи од традиционални романски градби,до градби кои се инспирирани од француските архитекти.Букурешт има голем број на знаменитости и споменици.

Термин: 05.03 – 08.03.2026
TОП ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 139eвра до 09.01.2026

Прв ден (четврток): Тргнување околу 19:00 часот од Кочани. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден (петок) Пристигнување во раните утрински часови. По пристигнувањето се упатуваме кон  БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

По разгледот на Домот на Дракула се упатуваме се уплатуваме на факултативен излет на Трансливанија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот. По завршената прошетка се упатуваме во хотел, се сместуваме. Ноќевање.

Трет ден (сабота) Појадок. После појадокот се упатуваме кон термалните бањи, кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот. Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање. После бањите одиме панорамна обиколка со автобус низ Букурешт. По тоа ве водиме во најпознатиот трговски центар Афи во Букурешт. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање 

Четврт ден(недела) Појадок. После појадокот се упатуваме кон Македонија. Со попатни паузи и царински паузи. Враќање во Македонија во раните утрински часови.

Што е вклучено во цената:

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Синаија
  • Автобуски превоз
  • Разглед на Букурешт панорамна обиколка со автобус
  • Посета на трговски центар Афи во Букурешт
  • Туристички пратител

Што не вклучено во цената:

*Трансилванија / Цена за пакет: 60е – Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.
*Термални бањи / Цена за пакет: 45е

НАПОМЕНИ:

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
    Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А Авто Атом.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Авто Атом го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
    Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  • Со оваа програма важат општите услови на Т.А Авто Атом

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *