Вила Ванко се наоѓа на 70 м од прекрасната песочна плажа во централниот дел на Олимпик бич. Располага со 1/2, 1/3 студиа. Секој апартман е комплетно опремен со: кујна со комплетен прибор која се наоѓа во една од спалните, гардеробер, тоалет со туш кабина, ТВ и широки балкони.
На 73км јужно од Солун, Олимпик Бич е туристичка населба, која е поврзана со Паралија Катерини со осветлено шеталиште и песочна плажа, долга 1,5км. Плажата во Олимпик Бич е убава, широка и опкружена со парк и зеленило. Ова место ви овозможува мирен одмор, а кога ќе посакате шопинг и поголема раздвиженост, Паралија Катерини ви е на дофат. Погодната местоположба ви овозможува посета и на останатите околни места во регијата.

НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз и без превоз
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО (доплата на превоз 35е)
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време)
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
– Превоз од: Делчево/ М.Каменица/ Виница/ Кочани/ Штип/ Св. Николе/ Велес/ Неготино/ Гевгелија
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН !!
- клима – 5евра (на ден)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)
- Доплата за туристичка такса 1€ по лице од ноќ (се плаќа при резервација во агенција)

Leave a Reply