Бесплатно сместување за 3-толице во студио / 3-то- 4-то и 5-то лице во апартман со една спална
Вила “MEDITERAN” се наоѓа во близина на луна паркот во Неи Пори, во првиот ред до плажа. Располага со убаво уредени трокреветни студија и апартмани со една спална за 4 лица, со комплетно нови купатила и кујни. Во трокреветните студија има еден брачен кревет и еден петосед (погоден за 2 деца или едно возрасно лице). Во апартманите со една спална има еден брачен кревет во спалната и уште еден брачен кревет во кујната. Секое студио/апартман е комплетно опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…, тоалет, балкон со масичка со столчиња (со поглед кон улицата од студијата и поглед на море), клима, ТВ, гардеробер. Wi-Fi интернет – Бесплатен. Студијата и апартамните се на I кат и се со одличен квалитет на сместување и страничен поглед на плажа/море. Гостите со сопствени возила може да паркираат пред вилата. Ви посакуваме пријатен престој.
Early Booking – Leto 2024
5% попуст за целосна уплата до 01.03.23
| “MEDITERAN” Неи Пори | термин | МАЈ | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | ||||||||||||||
| 19 | 26 | 02 | 09 | 16 | 23 | 30 | 07 | 14 | 21 | 28 | 04 | 11 | 18 | 25 | 01 | 08 | 15 | 22 | ||
| бр. ноќи | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
| 1/3 студио (море) | 100 | 130 | 150 | 180 | 210 | 250 | 435 | 475 | 545 | 545 | 545 | 545 | 545 | 260 | 240 | 200 | 180 | 140 | 110 | |
| АПТ /2+2/ (море) | 120 | 160 | 190 | 220 | 250 | 290 | 475 | 555 | 605 | 605 | 605 | 605 | 605 | 300 | 260 | 230 | 200 | 180 | 140 | |
| опис на ценовникот | цени по лице со превоз | цени за наем без превоз | цени по лице со превоз | |||||||||||||||||
НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио, 3-то и 4-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во студио и 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
– Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
– Доплата за клима – 7€ од ден;
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Leave a Reply